Вести Македонија Топ вести

Жителите на ул.Питу Гули чекаат спас од транспорт да не дозволи градба на Водно

Министерството за транспорт и врски ќе може да се вмеша во случајот со спорниот плац на Водно кое доби градежна дозбола од општина Центар, само доколку соседите поднесат претставка до второстепената комисија, вели министерот Бочварски откако вчера дел од медиумите објавија дека општината им дала зелено светло на инвеститорите да почнат со градежни активности во шумата на Водно во соседството на плацевите на Груевски за кои обвинителството води истрага

Министерството за транспорт има второстепена комисија која одлучува по пријава од непосреден  сосед доколку има одреден спор за постпаката за одобрение за градење на објект од прва или втора категорија, ние тогаш преку второстепена комсија може да одлучиме да постапиме по прашање да го вратиме предметот или да го одобриме одобрнеието за градење. Во однос на постапката одобрението е во нивна надлежност, а ние може да постпауваме ако има претставка од сосед, вели министерот Благој Бочварски.

Планот на инвеститорот во кој Телма имавше увид е да се изгради семејна куќа со висина до 10 метри над земја, но покрај тоа ќе има и две нивоа под земја наменети за гаража.

Жители од улицата Питу Гули  кои со години се борат за да спречат урбанизација на шумата вчера за Телма посочија дека е симптоматично тоа што само еден  сосед добил известување од општината дури 10 дена по издаденото одобрение од општината. Како дополнителен проблем го посочија и тоа што до плацот кој се наоѓа на ридот„ Големо курило“ нема пат, што е една од причините за поради кои општината не смеела да издаде одобрение.

Градоначалникот на Центар и за ова одобрение вчера се повика на одлуката на Уставниот суд кој го укина мораториумот на дуповите. Тој рече дека одобрението за градба не е правосилно односно конечно туку дека има одобрение за подготвителни рабпти за расчистување на теренот и за изградба на потпорен зид.

Инаку овој ДУП е еден од контроверзните на општина Центар кои беа изгласани со ист број советнички гласови за и против, но со воздржаниот глас на претседавачот Шиповиќ, осомничен во тоа време.

Како што објави вчера Телма над овој плац се се плацеви на фирмата Ексико, на Кара на Камчев, како и плацеви поврзани со поранешниот премиер Груевски.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе