Вести Македонија Топ вести

Герила акција пред општина Центар

Герила акција пред општина Центар . Утрово осамна плакат со натпис „Потпис на одобрение е еднакво на потпис на оставка“ во знак на протест за реализцијата на урбанистичкиот план кај Холидеј ин.

Јавноста се уште ја бранува неодлучноста на надлежните дали ќе ги суспендираат спорните детални урбанистички планови кај Холидеј ин, кои не се во согласност со главниот урбанистички план.

Инвеститорите МГ Фешн и МПЦ според идејниот прокет ќе треба да градат три висококатници на паркингот кај Холидеј ИН. Уплатени се комуналии за една од зградите и се чека одлуката на општина Центар дали ќе издаде градежна дозвола или ќе се одлучи да го суспендира планот.

Дел од жителите на Ново Маало даваат поддршка на инвеститорите, велат дека се договориле со нив, иако нивните куќи не се опфатени со овој проект. Министерот за транспорт Бочварски, чие министерство продаде една од парцелите на инвеститорот, вели дека се уште ја чека одлуката на советот на општината за суспензија на ДУП-от, со што по вторпат ја префла топката кај локалнта власт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе