Ковид19 Македонија Топ вести

Кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници во скафандери

ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараат од Основното јавно обвинителство итно да постапи по поднесените кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници Стојчевска и Богдановски кои во скафандери дојдоа и гласаа во Собранието. Тврдат дека со ваквиот чин, тројцата со умисла и претходна координација, сториле кривични дела согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик за „Непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „Пренесување на заразна болест“.

СДСМ не се плаши до кривичните пријави. Ако треба пак ќе го направат истото кога станува збор за интересите на граѓаните и кога се сигурни дека тоа што го прават е според утврден протокол за функционирање на Собранието во вакви ситуации. Опозицијата, не една, можат и 100 пријави да поднесат, за да прават театар и да се обидуваат да излезат од калта во која секој ден тонат, велат од владејачката партија.

Државниот здраствен инспекторат се прогласи за ненадлежен за мерките кои се однесуваат на заштита на работните места посочувајќи дека евентуалното прекршување од страна на двајцата пратеници ќе треба да го утврди Државниот инспекторат на труд. Но ова не беше случај и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за кој тогаш експресно се произнесе директорката на Државниот здраствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, објаснувајќи дека тој ги прекршил протоколите бидејќи излегол од дома со повик на 192 и се тестирал неколку пати.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Уставен ја одложи подготвителната седница за Законот за јазици откако остана без судијката Дуковска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе