Свет Топ вести

Германија оддава почит на речиси 80.000 починати во пандемијата- Израел без маски

Германија денеска им оддава почит на речиси 80.000 луѓе кои починаа од коронавирус, додека земјата се бори да го надмине новиот наплив на инфекции. Од кабинетот на германскиот претседател Штајнмаер соопштија дека церемонијата е посветена на „семејствата кои не можеа да ги испратат своите роднини кога починаа“. И канцеларката Меркел присуствување на богослужбата во црквата Кајзер Вилхелм во Берлин.

Во Германија досега се потврдени 79.914 смртни случаи од Ковид-19. Тоа е петти најголем број во Европа по Велика Британија, Италија, Русија и Франција.

А Израелците ги симнаа маските, од денеска во оваа земја е укината обврската за носење заштитни маски на отворено, а основните и средните училиштата повторно се отворени. По масовната вакцинација на речиси 5 милиони луѓе кои примија две дози од вакцината Фајзер/Бионтек, а останите се вакцинирани со една доза, Израел влегива во нова фаза. Со вакви бројки земјата планира од 23 мај да ги отвори границите за вакцинираните туристи. А границата за имунизација во земјата ќе ја спушти од 16 на 12 годишни деца. Сепак маските остануваат обврска во затворените простори и на масовните собири.

  • Навистина се надевам дека смртноста нема да се зголеми и дека се ќе биде во ред. Што и да биде, ќе биде. Господ е голем.
  • Кој сака нека го прави она што е разумно, кој сака нека оди без маска.
  • Маските се исклучени, беше време, израелскиот премиер го направи она што никој друг премиер не го направи за народот. Сега треба да се грижиме за економијата и за Иран.

Во меѓувреме Ираел е критикуван од страна невладините организации за заштита на човековите права кои велат дека земјата како окупаторска силае одговорна за вакцинацијата и на палестинското население, кои се бори за вакцини, а заразата постојано се зголемува. Ираел се брани дека според привремната мировна спогодба тој нема таква одговорност.

Бројот на новоинфицирани во светот трет ден по ред е над 800.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број регистрирани случаи на инфекција од почетокот на пандемијата надмина 139,5 милиони, објави Светската здравствена организација, а вкупниот број смртни случаи е приближно три милиони.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе