Книгата на Блаже Конески „По повод најновиот напад на нашиот јазик“, објавена пред 73 години, ќе биде повторно издадена годинава, за стогодишнината од неговото раѓање.
Одговорот и на сегашните напади и негирања на македонскио јазик, е содржан во ова значајно дело на Конески, поради што реиздавањето е дел од обемнатта програма на фондацијата „Небрегово“ за одбележување на големиот јубилеј.
-Има потреба да се брани нашиот јазик, тоа трае континуирано со години. И ден денес ни се случуваат истите напади, поради што фондацијата „Небрегово“ во програмата го вклучи реиздавањето на книгата од Блаже Конески, вели Благој Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп
Ова е само една од бројните активности предвидени за 100 годишнината од раѓањето на Конески.
Подготовките се во тек, а настаните ќе започнат од мај и ќе се одвиваат до крајот на годината. По повод јубилејот, покрај другото, ќе биде промовирана книгата „Граматичарот Конески“, реиздадена книгата „Македонската литература и македонскиот литературен јазик“.
Исто така, до крајот на април отворени се конкурси на кои приоритет имаат ученици и студенти, на теми за кои ќе бидат издадени и книги.
-Книгите ќе се издадат во наредните месеци, првата е „Како ме потикнува Конески, а втората е „Поетски проаки за Конески“, вели Атанасоски.
Најголем дел од настаните ќе се одвиваат во неговот родно Небрегово, за што фондацијата усвои декларација за континуирани активност со цел спомен домот „Блаже Конески“ да стане култно место за нашата национална култура, а тоа да се негува од најрана возраст.
-Фондацијата„Небрегово“ ја покрена иницијатавата заедно со нас, а се потрудивме во оваа декларација да влезе како посебна точка, сите училишта во својата редовна програма треба да ја внесат посетата на родната куќа на Блаже Конески, вели Лилјана Неделкоска, библиотекар во НУ Завод и музеј-Прилеп.
Сите активности по повод 100 годишнината од раѓањето на Конески се усогласени во Национална агенда која заеднички ќе ја реализираат Министерствата за култура и образование, фондацијата „Небрегово“, општините Прилеп и Долнени, под покровителство на Престедаелот на државата.
Емилија Мисирлиевски