Јапонија реши да испушти третирана радиоактивна вода од оштетената нуклеарна централа Фукушима во океанот, и покрај противењето на локалното население, еколошките групи и соседните земји.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека фрлањето на загадената вода во морето е „најреалната“ опција во деценискиот процес на деактивирање на нуклеарната централа. Околу 1,25 милиони тони вода се складирани во резервоарите во нуклеарната централа откако огромниот земјотрес и цунамито во 2011 година предизвикаа топење на реакторите. Оттогаш, операторот Токио Електрик Пауер продолжи да инјектира вода во трите реактори за да бидат ладни. Операторот се очекува да започне да ја испушта водата во морето за две години, во процес што може да трае со децении. Токио Електрик Пауер и владата велат дека процесот на филтрација може да ги отстрани повеќето радиоактивни елементи од водата. Но, тритиумот, кој не е штетен за луѓето во мали количини, не може да се отстрани од водата. Меѓународната агенција за атомска енергија го одобри ослободувањето на водата и наведе дека ваквиот пристап е сличен на процесите за отстранување на отпадните води од нуклеарните централи на други места во светот.
Јапонската влада предложи пет методи за ослободување од радиоактивната вода, од кои најефтиниот е 25 милијарди евра. За невладините, оваа одлука е поврзана само со пари.