Принцот Филип, кој повеќе од седум децении беше во брак со кралицата Елизабета Втора, почина денеска на 99 години, соопшти Бакингамската палата.
„Со длабоко жалење, нејзиното височество кралица соопштува дека нејзиниот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, почина мирно утрово во замокот Виндзор“, објави Бакингамската палата, не наведувајќи ги причините за смртта.
Во ноември минатата година, Елизабета и Филип одбележаа 73 години брак.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.