Демократскиот надзор на разузнавачките и безбедносните служби треба да се преосмисли и да биде поефикасен, покажува истражувањето на организација Евротинк.
Граѓанскиот (цивилниот) надзор воопшто не профункционира, додека собраниските комисии се составени од пратеници кои или не се стручни или за првпат почнуваат со сложената функција за контрола на тајните служби.
После три големи скандали со прислушувањето, државата треба што побрзо да овозможи успешен систем за контрола на службите, изјавија од Евротинк, а утре своите сознанија ќе ги презентираат и пред македонската разузнавачка заедница и пред претставниците на демократската контрола на службите.
Миомир Серафиновиќ