3340 починати од Ковид, катастрофално справување со последиците од кризата, немање вакцини, колапс на здраствениот систем се само дела од причините кои се наведени во интерпелацијата што ја поднесе пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во која се бара одговорност од министерот Венко Филипче.
Интерпелацијата ќе биде подржана од Алијанса на Албанците и Алтернатива.
СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ за деструктивно и неодговорно однесување во услови на пандемија.
Ова е трета интерпелација за владин функционер поднесена од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. За интерпелациите за Маричиќ и Николовски, Собранието ќе одлучува на 23 март.
Јулијана Пешевска