Три недели откако лизгање на земјиште ја однесе главната цевка од новиот водовод на Тетово во месноста Лешница и го стави градот во рестрикции на вода десетина дена, денеска повторно истата цевка со големина фи-500 е со прекин и овојпат поради лизгање на земјиште.
Од ЈКП Тетово информираат дека новото лизгањето на земјиштето е од земјотрес. Притоа од претпијатието најавуваат нови рестрикции на вода во Тетово во траење од околу 12 часа секој ден до санирање на дефектот.
По дефектот на 23 февруари беа потребни девет дена за поставување на нова цевка и нормализирање на водоснабдувањето во градот.