Надлежностите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) се наведени во членот 4 од Законот за АНБ, а во член 6 од истиот закон се вели дека доколку Агенцијата добие информација или сознание дека се подготвува кривично дело, има обврска да го извести надлежното ЈО, вели Александар Стојановски, постар истражувач во ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии.
– АНБ најдобро може да одговори на тоа во каков формат, во кои случаи се изготвува службена белешка, каде тие ја лоцирале причината заради која што изготвуваат една службена белешка за бегство на лицето Надлежностите на АНБ се излистани во член 4 од Законот за АНБ, според кои Агенцијата треба да постапува. Неблагодарно е ние да нагаѓаме во рамки на која од надлежности тие го лоцирале правото да реагираат. Но, член 6 од истиот закон кажува дека доколку Агенцијата добие информација, сознание, дека се подготвува кривично дело, ја има обврската да го извести надлежното ЈО. Така што најдобро е АНБ да даде одговор, вели Стојановски на новинарско прашање дали има излегување од надлежностите на АНБ со последниот случај со известувањето до Јавното обвинителство за наводното бегство на Орце Камчев.
Во однос на службената белешка и што таа содржи, додаде тој, АНБ нема обврска да ја информира јавноста.
– Тука доаѓаме до моментот на надзор и веројатно на некое надзорно тело, кои би било добро да објаснат и да дадат информација за ова прашање. Затоа е важно надзорот да биде реален, моќен за да може вакви прашања да се адресираат во име на јавниот интерес, вели Стојановски, кој заедно со Иван Стефановски, извршен директор на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии на надзорот над разузнавачките и безбедносните служби во државата, денеска на средба со новинари го презентираа документот за јавни политки „Преосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби во Северна Македонија“.
Јавното обвинителство во неделата врз основа на сознанија на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, побара притвор за него во траење од 30 дена.
– Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, информира во неделата Јавното обвинителство.
Камчев е еден од шесттемина осомничени за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси“ од казниво дело од член 273 од Кривичниот зако