Вести Македонија Топ вести

За испорака на вакцини од Ковакс потребно исполнување на клучни услови

Од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини на земји со среден или низок приход, oбјаснуваат кои критериуми се потребни за да се добијат вакцини.

-За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да бидат присутни, вклучително потврда на националните регулаторни критериуми за авторизација поврзани за испораката на вакцини, договори за обештетување (за сите учесници со секој производител), национални планови за вакцинација како и логистички фактори како лиценци за извоз и увоз, велат за МИА од ГАВИ.

Алијансата нагласува дека е во контакт со сите учесници во Ковакс за дистрибуцијата на вакцини, но без повеќе детали за процесот во однос на Северна Македонија.

-Со финализирањето на подготовките, Ковакс ги издава нарачките до производителите и ги праќа и испорачува дозите преку редовен процес. Ова значи дека, од минатата недела, доставите за првата рунда испораки се одвиваат дневно, во транши, објаснува Лаура Шевлин од ГАВИ.

Според неа, владите се информирани за првата рунда дистрибуција за тоа на кој датум ќе ги добијат дозите, а роковите би требало наскоро да бидат јавно соопштени.

Од ГАВИ за сега нема прецизен одговор дали Северна Македонија ги исполнува наведените услови.т

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе