Вести Свет Топ вести

ЕУ јавно ја отфрла Спутник, но зад сцената се разговара за нејзина употреба

Европската унија јавно ја отфрли глобалната кампања за снабдување со вакцини од Русија за Ковид-19 , како пропагандна од непожелен режим, но зад сцената, Унијата се врти кон руската вакцина Спутник V, додека се обидува да ги врати своите обиди за да ги вакцинира своите 450 милиони луѓе, јави Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори во ЕУ.

Официјален претставник на ЕУ кој преговара со производителите на вакцини во име на блокот изјавил дека владите на ЕУ размислуваат да почнат разговори со производителите на Спутник V и ќе бидат потребни барања од четири држави на ЕУ за да се почне процесот.

Унгарија и Словачка веќе ги купија руските вакцини, Чешка е заинтересирана, а официјалниот претставник на ЕУ рече дека Италија размислува да го користи најголемиот биореактор за производство на вакцини во земјата во фабриката во Реи Тера близу Рим за Спутник V.

Брисел е критикуван поради бавната вакцинација во рамки на Унијата, во време кога поранешната членка Велика Британија ги ублажува ограничувањата, болниците во регионот на Париз се блиску до преоптоварување, а Германија предупреди на трет бран, пишуваат западни медиуми.

ЕУ потпиша договори со шест западни производители на вакцини и започна разговори со уште двајца. Досега одобри четири вакцини, но производствените грешки ја забавија кампањата за вакцинација и некои земји-членки бараат свои решенија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе