Свет Топ вести

Ковид карантин во Босна и Херцеговина и Србија, Грција се надева дека летото ги отвори границите

Продавници, барови и ресторани се е затворено овој викендот во Босна и Херцеговина и Србија поради зголемените инфекции со коронавирусот. Властите во Босна воведоа мерки откако лекарите предупредија дека вирусот „експлодирал“ во последните неколку дена и ги повикаа луѓето да ги почитуваат веќе воспоставените ограничувања. Босна досега регистрираше повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со КОВИД-19. Во БиХ со 3,3 милиони жители, за едно деноноќие починале 42 лица, а новоинфицирани се 1058. Вакцинацијата во Босна се одвива бавно како последица на Ковакс системот, кој доцни со ипораките, во земјата пристигнаа 10.000 дози од вакцината АстраЗенека од Србија.

Во соседна Србија, властите исто така наредија лок даун за време на викендот.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска најави дека мерките ќе мора да се заострат и дека за тоа ќе се разговара на состанок на Кризниот штаб.

Што ќе се случи или што евентуално може да се случи во случај на дополнителни рестрикции, како тоа влијае на фактот дека има се поголем број куќни журки, илегални корона журки, дека на крајот на краиштата не постои ни доволен број на комунална полиција, ниту инспектори за да го контролираат сето тоа. Наше е да ги баласираме здравствените мерки и јас ги разбирам здравствените работници кои бараат се да се затвори, рече Ана Брнабиќ, премиерка на Србија.

Дел од граѓаните сметаат дека сепак земјата доцни со воведувањето на рестриктивните мерки.

  • Јас мислам дека на подолго време треба да бидат затворени угостителските објекти и некаде на друго место луѓето да седат да се дружат.
  • Подобро е нешто од ништо, но мислам дека доцниме со мерките, велат жителите на Белград.

Во Србија 21% од возрасното население има примено прва доза на вакцина, утре во земјата ќе пристигне нова испорака на вакцини „Фајзер“, во текот на неделата нови залихи на „Спутник“, а во април се очекуваат и нови залихи на кинеските вакцини на „Синофарм“.

Грција во секој случај ги отвора своите граници за туристите. Без оглед на тоа дали станува збор за вакцинирани или за оние кои имаат Пи-Си-Ар тест или тест на антитела, порача министерот за туризам Харис Теохарис и потсети дека не е случајно мотото на годинешната сезона: “Грција е се што ни треба!“

Грчките власти најавуваат дека до почетокот на летната сезона ќе бидат вакцинирани сите кои што работата во угостителскиот сектор, а тие кои нема да успеат да се вакцинираат ќе се тестираат барем еднаш неделно.

Грчкиот минитер вели дека се ќе биде полесно доколу ЕУ до почетокот на летото го усогласи вакциналниот сертификат и во него да влезат и кинеската и руската вакцина. Стопанството на земјата во која туризмот е 20% од БДП, тешко би можело да претрпи уште една пропадната сезона.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Тепачка на малолетниви во Ѓорче – ги снимале па ги објавиле на интернет

Дејан Дејан

Трамп повикува на безусловно 30 дневно примирје меѓу Русија и Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе