Наместо убави, со нежна бебешка кожа, без брчки, бемки и брдавици се повеќе девојки и жени по третманите кај надрилекари, билкари и во одредени козметички салони, завршуваат со лузни, наградување на лицето, па помош бараат од специјалисти дерматолози.
Балканот беше запрепастен по случајот во соседна Србија. Жена по третман коe го извршил немедицинско лице е со тешки изгореници и трајни белези по лицето. Македонските дерматолози и по естетска медицина алармираат дека и кај нив веќе неколку години во нивните ординации доаѓаат пациентки, кои бараат спас по нестручните третмани.
Социјалните мрежи се преплавени од прималиви реклами, се нудат и евтини услуги, а ги вршат немедицински лица. Девојки и жени следејќи ги светските трендови завршуваат во ваквите салони. Дерматолозите алармираат дека последиците од нестручните третмани се големи, освен без убавина може да ве остави и без здравје.
Законот предвидел вршењето на медицинската козметологија кај правните лица го обезбедуваат исклучиво со вработен специјалист по дерматовенерологија. За медицинските ординации надлежно е министерството за здравство, додека за козметичките салони Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Директотрката на овој инспекторат Ирина Бухова за Телма вели дека од август 2017, па до денес до нив не е пристигната ниту една претставка за забелешки на одредени третмани, ниту пак тие констатирале неправилности. Но лекарите велат дека токму недоволната информираност и стравот да се пријави за последиците се причина за ваквата состојба.
Лекарите дерематолози и по естетска медицина одлучија битката со нелојалната конкуренција да ја бијат преку новоформирано Здружение по естетска медицина, сега им следи период на правење на регистер, но и кампања понежниот пол да е информиран за последиците по нестручни третмани на нивната кожа.
Викторија Јованова