Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе поднесе тужба за клетева против пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Миле Лефков, кој изминатите недколку дена одржа серија прес конференција на тема набавката на вакцините од Кина.
„Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините“, напиша Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“.