Свет Топ вести

Европските „ковид-пасоши“ ќе важат само за вакцините кои ги одобрила ЕМА

Предлогот за воведување на таканаречениот „ковид пасош“ за слободно движење низ земјите на ЕУ, кој ќе биде ставен на разгледување на 17 март, ќе важи само за вакцините кои ги одобрила Европската агенција за лекови (ЕМА). Неодобрените вакцини, исто така, нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност на ЕУ и контрола на квалитетот. Еврокомесарот за правосудство Дидие Рејндерс рече дека земјите членки можат слободно да ги вакцинираат своите граѓани со други вакцини, но нема да им биде доделена „лиценцирана патна потврда“ доколку не ја примиле вакцината на некои од производителите кои ги одобрила ЕМА.

-Работиме на сертификат, тоа не е пасош, тоа е вистински сертификат како што рековте, но не станува збор само за вакцинација, туку за закрепнување за оние кои имале болест, вакцинација или тест. Можно е да се направи ист сертификат, дигитален формулар или на хартија со информации за трите елементи за да се избегне каква било дискриминација помеѓу различните граѓани, затоа што знаете дека немаме задолжителна вакцина – Дидие Рејндерс, европски комесар за правосудство.

Моментно, ЕМА ги одобрила вакцините на четири производители: Фајзер/БиоНТек, АстраЗенека, Модерна и Џонсон и Џонсон.

Не запира трендот кај европските земји кои секојдневно информираат за сомнителни случаи за тромбоза по примањето на вакцината на АстраЗенека. Денеска Белгија соопшти дека се идентификувани два случаи, но засега не го запира процесот на имунизација, како и Франција и Германија. Но дел од европските земји превентивно го прекинаа вакцинирањето со вакцината на овој британско-шведскиот фармацевтски гигант се до добивањето на нови медицински препораки. Во исотвреме пак денеска АстраЗенека објави нов дефицит во испораката на планираните дози вакцини во ЕУ.

Статистиката покажува дека Велика Британија е на врвот на листата според бројот на вакцинирани на 100 жители – 36, веднаш по неа е Унгарија со 16 вакцинирани од 100 жители, а во Франција се само девет.

Пет премиери на змејите – членски на ЕУ, меѓу кои се австрискиот канцелат Себајстијан Курц и чешкиот премиер Андреј Бабиш бараат со писмо до ЕУ итно да се свика самит поради несоодветната распределба на вакцини против коронавирусот.

„Ако продолжи ваквиот систем до летото ќе се појават огромни разлики меѓу земјите членки и уште повеќе ќе се продлабочат. Некои за неколку седмици ќе достигнат колективен имунитет, додека другите мнгу ќе заостанат“, пишува во писмото испратено до претседателот на ЕС, Шарл Мишел и до претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Под содржината стојат потписите на премиерите на Чешка, Словенија, Австрија, Бугарија и Летонија.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Тепачка на малолетниви во Ѓорче – ги снимале па ги објавиле на интернет

Дејан Дејан

Трамп повикува на безусловно 30 дневно примирје меѓу Русија и Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе