Македонија Топ вести

Штети нема, серијата земјотреси ја замати водата во мавровскиот регион- не смее да се пие

Два силни земјотреси и неколку помали потреси, синоќа го погодија гостиварско-мавровскиот регион, а беа почувствувани во повеќе градови во западниот дел од земјата. Истите предизикаа вознемиреност кај населението особено во мавровско, поради што дел од туристите ја напуштија викенд населбата. Препораки од надлежните водата во овој регион да не се пие поради заматување.

Голема вознемиреност кај населението синоќа предизвикаа серијата земјотреси од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Двата појаки потреси најсилно биле почувствувани во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево.

Поради страв голем број туристи кои престојувале во викенд населбата во Маврово ги напуштиле куќите, а дел од жителите останале заглавени во своите автомобили.

Поради земјотресите настанало заматување на водата за пиење во мавровскиот регион, а материјални штети засега не се евидентирани.

Инаку, според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, вчера во 20 часот и 40 минути се регистрирани серија на земјотреси од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопје.

Најсилно беше почувствуван земјотресот со локална Рихтерова магнитуда ML4.6. Земјотресот во 22 часот и 28 минути кој потекнува од истото епицетрално подрачје бил со Рихтерова локална магнитуда ML4.2.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе