Денеска беше одбележана 40-годишнината од формирањето на специјалните полициски сили во Македонија. На прославата пред командниот штаб на досегашната ЕСЗ, најдобриот тигар доби награда, а јубилејни плакети им беа доделени на поранешните команданти, но и на десетина актуелни политичари и директори во безбедносните агенции.
Главната намена на специјалците Тигар е учество во антитерористички операции како онаа во Диво Насеље кога загинаа 4-ца нивни припадници и за која се уште не се расветлени причините за големите жртви.
Покрај тоа тигрите учествуваат во спасувачки операции, во обезбедување на важни личности , а таква улога имаа при посетата на Папата Франциск.
Ја заштитуваме татаковината, а истовремено четири децении растеме, истакна командантот на единицата Тигар при што беше одадена почест на сите загинати специјалци кои го дале животот за заштита на граѓаните и за безбедноста на државата.
Еве што исјави Митко Даневски, Командант на специјална анти-терористичка единица (САЕ)