Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров е позитивен на коронавирус, а информацијата ја објави на неговиот Фејсбук.
„Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен „гостин”. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите!, напиша вицепремиерот Димиторв.
Тој минатата недела имаше заедничка прес- конференција со премиерот Заев, а на која присуствуваа уште тројца министри, од Владата соопштија дека во тек се епидемиолошки анкети кои треба да покажат дали и кои лица би требало да преземат дополнителни мерки за заштита.
А споманата прес – конференција, како и сите контакти на Димитров, вчелат од Владата биле според пропишаните протоколи.