Вести Македонија

Мијалков останува во Шутка-отфрлени жалбите за укинување на притворот

Сашо Мијалков останува во притворот во Шутка, одлучи на нејавна седница скопскиот Апелационен суд.

Жалбата на бранителот на Мијалков е отфрлена како неоснована. Првостепеното решение на судечкиот совет во предметот Тврдина Таргет останува да важи.

Пред две недели кривичниот суд во Скопје за случајот со масовното нелегално прислушување му изрече 12-годишна затворска казна на Мијалков и од куќен притвор му го преиначи решението за затворски притвор во траење од 60 денови.

Поранешниот директор на УБК Мијалков неколку дена пред изрекувањето на пресудата исчезна по што беше прогласен за бегалец и беше распишана меѓународна потерница по него.

Два дена подоцна, Мијалков сам се појави во Обвинителството за организиран криминал. За бегството е отворена истрага, но досега никој во надлежните институции не понесе одговорност за бегството кое се случи откако обвинителката Рускоска пријавила таква можност еден ден пред Мијалков да исчезне.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе