Ковид19 Свет Топ вести

Германија и Франција продолжуваат да вакцинираат со АстраЗенека

Расте бројот на евроспки земји кои привремено ја запреа ваксинацијата со АстраЗенека. По одлуката на Данска, Норвешка и Исланд, вакви одлуки донесоа и Бугарија, Романија и Тајланд. Но Франција и Германија продолжуваат со вакцинацијата. Експертите велат дека секое губење на доверба во вакцината води до помалку аплицирања што несомнено ќе доведе до повеќе смртни случаи.

По одлуката на Данска, Норвешка и Исланд кои превентивно ја запреа употребата на вакцината АстраЗенека, Германија и Франција порачаа дека продолжуваат да ја користат оваа вакцина.

Засега нема докази дека смртта во Данска е поврзана со вакцината на АстраЗенека, објави германскиот институт Пол Ерлих. И Европската агенција за лекови во соопштение потврде дека остануваат на позитивната оценка за вакцината.

Но, Данска ја стопираше употребата на британско- шведската компанија на 14 дена, поради појавата на загрутчување на крв кај неколку пациенти, и велат дека ќе чекаат нови препораки од здравствените власти.

-Прво и најважно, важно е правилно да се откријат и испитаат можните ризици поврзани со вакцината. Затоа, мислам дека е вистинска одлука засега да се стават во мирување вакцините АстраЗенека, се додека не добиеме доволно медицински препораки за продолжување на вакцинациите – Мете Фредериксен, премиерка на Данска.

Околу 5 милиони Европејци веќе ја примиле вакцина АстраЗенека. Од оваа бројка, околу 30 случаи пријавиле згрутчување на крвта. И покрај тоа компанијата АстраЗенека тврди дека вакцината е безбедна по сите опсежни клинички испитувања. Од Универзитетот во Источна Англија велат дека нема доказ дека ваквите случаи имаат поврзаност со вакцината. во Велика Британија има 11 извештаи за згрутчување на крвта меѓу вакцинираните повеќе од 11 милиони луѓе.

-Секое губење на доверба во вакцината води до помалку аплицирања што несомнено ќе доведе до повеќе смртни случаи – д-р Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот во Источна Англија.

Одлуки за превентивно запирање на вакцинацијата донесоа и Бугарија, Романија и Тајланд, додека Австрија, каде постара жена почина поради згрутчување на крвта, реши да продолжи со процесот на имуннизација.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе