Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ предлага пратеник да биде само со македонско државјанство

За пратеник може да биде избрано лице кое има само македонско  државјанство. Ова е предлогот што ВМРО ДПМНЕ го нуди во измените на Законот за пратеници  а со цел да се заштити функцијата од секакви негативни влијанија на угледот на лице кое ќе биде избрано на непосредни избори.

СДСМ ќе го подржи законот.

ДУИ смета дека ваквото законско решение е дискриминаторско и веднаш ќе падне на Уставен суд , додека пратеничката група Алијанса на Албанците –Алетрнатива најави дека и овој закон ќе го блокираат со илјадници амандмани.

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов вчера објави список со имиња кои асоцираат на македонски политичари од опозицијата за кои тврди дека имаат бугарски пасоши.Веста беше експресно демантирана од ВМРО ДПМНЕ од каде наведоа дека нивните членови со исти имиња немаат бугарско државјанство.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе