Судијката Беса Адеми пред Судскиот соевт ја даде свечената заклетва како претседател на Врховниот суд.
Таа кажа дека приоритет ќе и биде да ја врати довербата на граѓаните во судскиот систем и дека е свесна за незавидната сосојтба на судството во Македонија. Адеми нагласи дека правната држава мора да има функционален систем а правдата мора да биде достапна за сите граѓани.
Судскиот совет на 12 февруари годинава со 12 гласа „за“ и еден против ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија. За претседателското место конкурираа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова, која неколку дена подоцна беше разрешена од судијската функција.
Адеми е судија во Врховниот суд од 2009 година.