Македонија Топ вести

ЕК: Северна Македонија нѐ информираше дека не ги исполнува критериумите за Солидарниот фонд

Од Европската Комисија за МИА објаснуваат зошто Северна Македонија е единствена земја што не доби парче од колачот на Солидарниот фонд за пандемијата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од портпаролската служба на Европската Комисија за МИА детално ги образложија условите за аплицирање за помош од Солидарниот фонд на ЕУ.

Како што пренесоа и македонските институции, помошта од овој Фонд се активираше минатата година поради здравствената криза од Ковид-19, со услов товарот од кризата врз буџетот да изнесува над 0,3 отсто од бруто националниот приход.

Рокот за пријавување бил 24 јуни 2020, а Фондот бил отворен за земјите-членки и четирите земји кои имаат зелено светло за преговори со ЕУ или веќе преговараат со ЕУ, односно Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија.

Службите на Европската Комисија, велат оттаму, внимателно ги разгледале барањата за да утврдат дали ги исполнуваат условите, дали се веродостојни пријавените расходи како и директната поврзаност со здравствената криза.

-Што се однесува до Солидарниот фонд, Комисијата и Северна Македонија беа во контакт минатата година, но Северна Македонија ја информираше Комисијата дека во тој момент нема доволно расходи да пријави за да го постигне прагот предвиден од страна на регулативата на Солидарниот фонд, велат официјално од ЕК.

Сепак оттаму нагласуваат дека од почетокот на кризата дадена и е значајна помош на Северна Македонија за борбата против Ковид-19.

-Комисијата даде 226 милиони за да ги покрие медицинските опреми, да ги поддржи ранливите групи, бизнисите и невработените, како и макрофинансиска асистенција, нагласуваат од ЕК.

Северна Македонија може да смета и на дел од достапните 70 милиони евра за Западниот Балкан како девет милијарди од Економскиот и инвестициски план на Европската Комисија за регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе