Македонија Топ вести

Недостасуваат 130 судии за да се постигне минимумот за функционално работење

Враќање на довербата на граќаните во судството и функционален систем се приоритетите на претседателот на Врховниот суд Беса Адеми кој денеска ја потпиша свечената заклетва. Судовите се соочуваат со недостаток од судии. Во моментов судовите бројат дури 130 судии помалку од предвиденото. Први пополновања на места ќе има дури наредната година кога ќе заврши обуката на седмата генерација во Академијата но и таа бројка е далеку од доволна

Судијката Беса Адеми, денеска, пред Судскиот совет ја даде свечената заклетва како претседател на Врховниот суд. Таа кажа дека приоритет ќе и биде да ја врати довербата на  граѓаните во судскиот систем и дека е свесна за незавидната состојба на судството во Македонија. Адеми нагласи дека правната држава мора да има функционален систем а правдата мора да биде достапна за сите граѓани.

Адеми која е судија во Врховниот суд од 2009 година, Судскиот совет ја избра за претседател на Врховниот суд на 12 февруари годинава со 12 гласа „за“ и еден против. За претседателското место конкурираа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова, која неколку дена подоцна беше разрешена од судијската функција.

А каква е состојбата во судовите низ државата. Како клучен проблем се наметнува недостатокот од судии. Во моментов именувани се 506 судии а според судскиот совет неопходната бројка е далеку поголема и за нормално функционирање на судовите потребни се 639 судии односно 130 повеќе.

Кадарот се пополнува преку Академијата за судии и јавни обвинители каде во моментов тече едукацијата на седмата генерација. Станува збор за 30 судии кои би можеле да бидат именувани најрано во септември идната година.

Судскиот совет вчера распиша оглас за избор на тројца судии во Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе