Македонија Топ вести

Мицкоски бара и од амбасадорите да се одложи пописот, СДСМ го сметаат за несериозен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бара од амбасадорите во земјава да влијаат за одложување на пописот, кој треба да почне на 1 април.

Во писмо до нив, Христијан Мицкоски, предлага пописот да се одложи за септември, за да се  остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи.

За да можат институциите целосно да се посветат на пописот, пак, бара локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември.

Предлогот на Мицкоски во СДСМ не го сфаќаат сериозно.

Министерот за здравство, пак,  смета дека нема потреба од вакцинирање на попишувачите.

Вели дека ќе бидат доволни и постоечките здравствени протоколи, како носење на маска, ракавици и заштита на нозете. Но, не ја исклучува можноста и да им се направи ПЦР тест пред пописот, доколку има потреба од тоа.

Засега вакцините се наменети само за здравствените работници.

Од Државниот завод за статистика, тврдат дека нема никаква опасност затоа што во домаќинствата ќе влегува само по еден попишувач.

Велат дека единствените коишто можат да предложат одложување на пописот поради епидемијата се Комисијата за заразни болести.

Ако оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука.

На крај, треба да се промени и Законот. Во меѓувреме, активностите течат.

Во дијаспората до утрово се попишале над 47 илјади лица. Почна и тестирањето на лицата кои се пријавиле за попишувачи.

Во Кичево се тестираат вкупно 146 кандидати. Од нив, 13 лица ќе станат реонски инструктори, а 128 реонски попишувачи.Во Делчево се пријавиле 92 кандидати, а во Штип и Карбинци двојно повеќе од потребното.

Тие кои  успешно ќе го положат тестот, од 26 до 29 март ќе ја поминат обуката по што целосно ќе бидат подготвени за теренскиот дел од пописот.

10 отсто од кандидатите кои нема да бидат избрани за попишувачи ќе бидат резерва  доколку некој од попишувачите се зарази или е болен некој член од неговото блиско семејство.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе