Од вечерва во 22 часот почнува полицискиот час, кој ќе трае до пет наутро, и ќе важи во следните 12 дена, односно до 22-ри март.
За вработените во фирмите, кои мора да се движат додека трае забраната за движење, ќе важат дозволите кои ги издаваше министерството за информатичко општество, за ланскиот полициски час.
Граѓаните кои ќе имаат потреба од медицинска помош, во време на полицискиот час, ќе мора за дозвола на движење да се пријават во полиција. Одлуката за забрана за движење не важи за патниците кои доаѓаат, или заминуваат од аеродромите, на кои како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти, исто важи и за меѓународниот патен превоз.
Најавени се засилени конторли за време на полицискиот час, а за непочитување на полицискиот час, предвидена е парична казна, или затвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица.
Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.