Ковид19 Свет Топ вести

Нови четири милони дози вакцини на Фајзер-БионТек за државите на ЕУ

За две недели нови четири миони дози вакцини во ЕУ, склучен е договор со компанијата Фајзер- БионТек. Британскиот прем Џонсон Џонсон ги отфрли обвинувањата првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел дека неговата земја го блокирала извозот на вакцини. Невладините со критики дека богатите земји ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на годинава, а кај сиромашните процесот не е ни започнат.

Европската комисија соопшти дека склучила договор со Фајзер- БионТек за дополинителни четири милиони дози на вакцини за своите 27 држави. Според планот испораката ќе биде реализирана во следните две недели со цел да им се помогне на новите жаришта во борбата протов коронавирусот, како што се Тирол во Австрија, Ница и Мозел во Франција, Болзано во Италија и некои делови на Баварија и Саксонија во Германија.

  • Државите-членки ќе можат да купат четири милиони кои ќе бидат достапни пропорционално во следните две недели, а сите дози ќе бидат испорачани пред крајот на Март- Стефан де Керсмејкер, портпарол на Европската комисија.

Говорејќи пред британскиот парлемент, премиерот Џонсон ги отфрли обвинувањата на Шарл Мишел дека неговата земја го блокирала извозот на вакцини.

  • Можеме да бидеме горди на поддршката која што Велика Британија ја даде на Ковакс, вклувајќи ги и 548-те милиони фунти кои му ги дониравме на Ковакс. Оттука сакам да ја корегирам сугестијата на претседателот на Европскиот совет дека Велика Британија го блокирала извозот на вакцини. Да бидам јасен, не сме го блокирале извозот на ниту една вакцина против Ковид-19 или компонента на вакцината – Борис Џонсон, премиер на В. Британија.

Невладините реагираат дека е скандалозно, тоа што после една година имаме околу два и пол милиони мртви, во богатите земји вакцинацијата тече со темпо еден вакциниран во секунда, додека во сиромашните земји процесот не е ни започнат.

  • Со ова темпо ќе имаме ситуација во кој ќе имаме иполарен свет на вакцинација, каде богатите ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на оваа година, додека сиромашните земји можат да очекуваат целосно вакцинирање дп 2023. Тоа е целосно неприфатливо – Јерон Квакенбос, портпарол на Оксфама.

Голема е загриженоста во унијата како наглиот пораст на нови случаи не ги поттикна државите на ЕУ да воведат ограничувања на меѓудржавните патувања. ЕУ вкупно има потпишано шест договори за две милијарди дози вакцини за своите 450 милиони жители.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе