Свет Топ вести

Пентагон: Националната гарда ќе го чува Капитол уште два месеци

Пентагон го одобри барањето за задржување на околу 2.300 војници на Националната гарда во Вашингтон, што е околу половина од моментално распоредените сили, за да помогнат во заштитата на американскиот Капитол во следните два месеци.

Пентагон најавил дека ќе соработува со полицијата на Капитол во текот на следните два месеци, која доставила барање за да се продолжи со понатамошно намалување на присуството на војници до степен до кој тоа го дозволуваат условите.

Во извештајот на Пентагон објавен во понеделникот се препорачува користење на подвижна ограда за заштита на Капитол и се препорачува формирање на сили за брза реакција во Вашингтон, додека полицијата на Капитол е оценета како слабо подготвена за можен напад врз таа институција.

Федералното обвинителство на САД обвини повеќе од 300 лица за вмешаност во нападот на 6 јануари, во кој загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе