Македонија Топ вести

И уролозите кои сметаа дека Игор Спасов не може да се движи, а тој избега- го победија системот за правда во Македонија

Штипското обвинителство одлучи да не гони никој од лекарите во болницата во Штип кои во летото 2019-та му пишале наод на Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, по што Спасов избега надвор од државата.

По барање на обвинителството, Министерството за здравство и Лекарската комора на РСМ извршиле стручен надзор врз медицинската документација во Штип и утврдиле дека нема пропусти и Спасов навистина имал уролошки проблеми.

Во подготвувањето на документацијата, свое лекарско видување за Спасов доставил и негов близок роднина. Според медицинската документација, осудениот за убиството на Нешковски, го одложил враќањето во затвор затоа што лекарите сметале дека поради здравствените проблеми и хируршката интервенција не може да се движи по што судот му издал дополнителни три месеци на слобода. Во тој период, кога не можел да се движи како што посочиле уролозите, во реалноста Спасов избега, а за бегството не е отворена постапка ниту за судии кои ја одобриле одлуката да  не се враќа во затвор, ниту за други поединци во системот за спроведување на правда. По 18 месеци Игор Спасов беше уапсен во Софија, а оваа недела Бугарија го екстрадираше назад во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе