Македонија Најважни

Од утре во 22 часот започнува полицискиот час

Македонија во идните 12 дена влегува во полициски час. Владата донесе одлука од утре до 22 март да воведе полициски час кој ќе почнува во 22 часот навечер, а ќе завршува во 5 часот наутро. Во меѓувреме се најавуваат и засилени инспекциски контроли врз угостителските објекти, но и секаде каде не почитуваат мерки за спречување на ширење на коронависурот.

„Очекуваме угостителските објекти, рестораните, строго да ги почитуваат мерките. Дадени се посебни инструкции од владата за позасилени контроли и сторго почитување на законите и одуките на владата, се со конечна цел да продолжи економски да живее државата, а сепак да укотвиме, така да кажам, да ’паркираме’ најголем дел од оние граѓани кои што се социјално најактивни, општествено најприсутни, а тоа се младите, кои што се всушност најголеми трансмитори, пренесувачи на заразата“, рече Заев.

За да функционира економијата предвидено е транспортерите на лица и на стока со  приложување на патен налог да можат да вршат транспорт во време на забраната за движење, додека транспортерите што транзитираат низ земјава пак ќе мора за најмногу три часа да ја напуштат земјата од еден до друг граничен премин.

За вработените во фирмите кои мора да се движат меѓу 22 и 5 часот ќе важат дозволите издадени на лично име за слободно движење кои ги издаваше Министерството за информатичко општество за ланскиот полициски час.

Граѓаните пак кои ќе имаат потреба од медицинска помош во време на полицискиот час ќе мора за дозвола на движење да се пријават во полиција.

„Секој граѓанин којшто има потреба од лекарска помош се јавува на 192, бројот на полицијата, каде што известува дека има потреба да посети лекар, здравствена установа и т.н. во периодот додека трае забраната. Информира за линијата на движење од своето место на живеење до здравствената установа и доколку е придружувано од друго лице дава информации и за тоа“, информира Арсовски.

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од аеродромите во земјава, на кои како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.

Освен за полицискиот час владата денеска донесе одлука оние кои лица кои доаѓаат во земјава од Африка, да одат во задолжителен карантин од 14 дена, макеоднските граѓани во домашен, а а странците во државен карантин.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе