Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Сметот мора да се измете, но прво во сопствениот двор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски, кој се наоѓа на Инфективната клиника, се огласи вечерва на неговиот фејсбук профил. Пишува дека додека се бори со болеста власта византиски  убедена од своите лакеи, поранешни опозиционери, се препелка во својата немоќ нудејќи поделба на власта. Од болничкиот кревет Мицкоски порача : “Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор! И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. Македонската пролет доаѓа!“, напиша Мицкоски откако претходно поранешниот министер за здравство Никола Тодоров го повика членството на ВМРО-ДПМНЕ на обединување.

Тој смета дека Мицкоски е пречка за обединувањето и на ВМРО и на целиот македонски народ. “Поделени и раскарани, водени од омраза на политичка основа, нема никаде да стигнеме. Затоа се борам и залагам за помирување помеѓу ВМРО и СДСМ. Политичките разлики стојат и тоа е нормално, затоа што тоа е здраво и потребно во едно демократско општество, но тие разлики не смеат да продуцираат омраза помеѓу Македонците до ниво на раскинување на македонското национално ткиво. Сигурен сум дека ова можеме да го спречиме. За тоа, потребна е поддршка за трансформација на ВМРО во модерна, европска центар десна партија“, напиша Тодоров до партиското членство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе