Вести Македонија Топ вести

Граѓаните никако да се откажат од кафеаните

Синоќа дел од кафеаните биле полни со гости и по 21 часот иако тоа е забрането. Во кафеана на Бит пазар полицијата и инспекторите зтекнале 22 ца од кој еден малолетник и сите се приведени. Во мала Речица пак при контрола на угостителски објект нешто после 21.30 се затекнати осуммина, а во гостивар околу 23 часот во чајџилница на улицата 18 ноември имало 11 гости. Во сите три случаи објектите се затворени, а сопствениците и гостите ке одговараат за кривични дела непостапување по здравствени прописи за време на епидемија. Од полицијата велат дека ова се само три случаи но дека постојано и секојдневно се вршат контроли. Дури и  кога се работи за поголеми веселби и свадби сите и домакините и гостите ке одговараат.

Но освен в кафеана големи групи најчесто млади луѓе може да се видат и по парковите и улиците. Најголема фрекфентност има за викендите. Од Министерството за внатрешни апелираат да се почитува правилото за носење маски но и да не се групираат повеќе од четворица колку што е дозволено. Велат дека засилени контроли ке има особено во кризните жаришта каде короната забрзано се шири.

Според податоците на Министерството поднесени се 92 кривични пријави одкако е ограничено работното време на угостителските објекти. Но ова се само оние кривични кога полицијата постапувала со државниот инспекторат, иако инспекторите и без асистенција излегуваат на терен. Во иминатото денонокие пак се казнети 650 граганиза неносење маска  а вкупно до сега се казнети 153 167 граѓани.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе