Гевгелија го вклучи алармот и бара воведување полициски час поради рапидното зголемување на бројот на позитивни на Ковид-19 во општината. Општински и здравствените власти решија повторно да ги активираат патролните екипи за контрола и чести контроли од инспекциите особено во кафулињата каде има најголема концентрација. Епидемиологот Олумчев вели дека пополнети се болничките капацитети со пациенти со сериозна клиничка слика.
Епидемиологот Олумчев предупредува дека се пополнети болничките капацитети и дека го достигнуваат лимитот на сместувачкиот потенцијал. Вели дека во општината доминираат пациенти заразени со британскиот сој.
Бројот на заразени со Ковид-19 расте во целиот Југоисток. Драстично зголемување на позитивните случаи се забележува во сите општини од регионот.
Сузана Мицева