Малите партии о д власта и од опозицијата поднесоа измени на изборниот законик со кои се бара една изборна единица, да нема изборен праг и да се укине финансирањето на политичките партии. Очекуваат подршка од сдсм и од вмро дпмне, во спротивно предупредуваат дека во прашање ќе биде доведено функционирањето на парламентот .
20 пратеници од малите партии ги подржуваат законските измени и не сакаат повеќе да бидат приврзок на големите партии.Сметаат дека е крајно време за самостоен настап на изборите. Ја бараат подршката од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ.
Владејачката СДСМ начално го подржува предлогот но инсистира на консензус.
ВМРО ДПМНЕ смета дека за измени во Изборниот законик треба да се разговара само во рамките на работните групи.Досега нема никаков напредок. Алијанса на Албанците и Алтернатива реагираат на начинот на кој се водат преговорите за ова прашање.
Изборниот законик досега е менуван 35 пати. На неколку наврати беа формирани работни групи но компромис за изборниот модел не се постигна.Со децении се гласа во 6 изборни единици со затворени листи, што ги исклучува шансите на помалите партии или независни кандидати .Отворените листи беа само декларативна заложба на партиите кои се на власт не почитувајќи ги долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР .
Јулијана Пешевска