Истрагата за бегството на Сашо Мијалков без никаков резултат споделен во јавноста. Три невладини организации бараат брза истрага и во институциите, но и во обвинителството за организиран криминал, како и казни за одговорните кои дозволија реприза на бегството на Никола Груевски. Министерот и обвинителството тврдат дека истражуваат.
Ако сакаме да изградиме функционален систем мора да се открие вистината за бегството на Мијалков. Три невалдини организации бараат сериозна и брза истрага, а одговорните функционери и службеници да бидат казнети затоа што со пропусти и непочитување на законите дозволија бегство на поранешниот шеф на тајната полиција, кој сега е осуден за масовно нелегално прислушување. После сите контрадикторни изјави, невладиниот сектор бара да се активира и Советот на јавни обвинители за да ги провери сите дамки на непристарсноста искажани во постапувањето на обвинителството за организиран криминал. Барањето за брза истрага го потпишаа Хелсиншкиот комитет, Коалиција за правично судење и Фондацијата Отворено општество затоа што Мијалков е реприза на пропустите со бегството на екс премиерот.
Истрагат се одвива, велат од обвинителството без да дадат детали. Ниту министерот Спасовски досега не насочи одговорност за бегството, а топката ја префрла на обвинителството.
Мијалков исчезна предминатиот викенд кога по анонимни дојави му беше определен домашен притвор. По 40 часа криење, иако со потерници за него, успеа да се прошета и сам да се пријави во обвинителството за да си го земе решението. Минатиот петок беше осуден на 12 години затвор во предметот Тврдина таргет и доби вистински притвор во Шутка.
Миомир Серафиновиќ