Вести Македонија Топ вести

Мнозинство има, кворум за гласање и натаму нема

Ден по гласањето доверба на Владата и обидот да се прикаже дека парламентарното мнозинство е стабилно, Собранието повторно се соочи со неможност да работи и носи закони. Собраниската сала беше полупразна , кворум за одлучување немаше, па собранискиот спикер Талат Џафери беше принуден за секој закон да кажува дека нема деловнички услови за негово усвојување.

Опозицијата ја обвини власта дека и денеска на работа требало да се појават сите 62 пратеници кои вчера присуствуваа на гласањето доверба на Владата.

ДУИ се правда дека некои пратеници биле отсустни од здраствени причини.

Социјалдемократите пак најавуваат зголемување на парламентарното мнозинство.

Во моментов на усвојување чекаат околу 130 закони, 4 седници се започнати а не се завршени.Не е закажана ниту нова седница.Голем број пратеници доаѓаат во Собранието, земаат дневници и патни трошоци а  не присуствуваат на седниците.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе