Нуркачите пронајдоа делови од индонезискиот Боинг 737-500, кој се урна вчера веднаш по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Доцна синоќа се појави сигнал за кој индонезиските власти се уверени дека станува збор за црната кутија од авионот.
„детектиравме сигнали на две места, претпоставуваме дека тоа е црната кутија“, изјави багус пурухито, шеф на спасувачката агенција на индонезија.
Нуркачи на 10 бродови се испратени на местото, по што потоа се пронајдени скршени делови од авионот, облека на дел од 62 патници и членови на екипажот, но и делови од човечки тела. Истражителите ги анализираат најдените работи.
Сè уште не се познати причините за падот на авионот, а мали се шансите да има преживеани.
Несреќата на авионот Боинг 737-500 на авиокомпанијата Сривиџаја се случи вчера околу 14 часот по локално време. Леталото било старо 26 години и било редовно сервисирано, информираа воздухопловните власти.