Вести Ковид19 Македонија

26-годишниот Боро Стаиќ, парализиран и болен од Ковид 19 има проблеми со искашлување поради што му е потребна помош

Боро Стаиќ е момче на 26 годишна возраст. Поради повреда од негова 18-та година е парализиран од вратот надолу, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде е хоспитализиран поради Ковид-19.

Тој неможе сам да се искашла и при такви ситуации се гуши. Затоа му е итно потребен апарат кој го викаат “машина која живот спасува” со која неговите родители ке можат да му помогнат во случај на гушење.

Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта. Ве молиме да помогнеме на Боро за неговите родители да можат да го набават апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот.

Повикот го упатија од семејството на Стаиќ, а со Боро во болница заразени се и хоспитализирани и неговите родители.

Боро Стаиќ неколку дена пред 18-тиот роденден по скок во Охридското Езеро го повреди рбетот, а неговите повреди не беа откриени при првичната реакција на лекари од охридската болница, по што тој остана неподвижен. За лекарската интервенција поради што сега е параплегичар, се води и долгогодишна судска постапка.

За помош на Боро е отворена и интернет gofund страница  https://www.gofundme.com/f/lets-turn-suffering-into-hope-for-bozo за да може да го купи апаратот кој ќе му помогне во закрепнувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе