Без да го спомене името на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, Доналд Трамп синоќа со видео порака објавена на твитер даде изјава која иако не е директно, но е најблиску до признавањена пораз на изборите, употребувајќи ги зборовите „мора да продолжиме со бизнисот на Америка“.
„Конгресот ги призна резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари. Мојот фокус сега е на непреченa и уредна транзиција на власта. Овој момент повикува на заздравување и помирување“, рече Трамп.
Трамп кој пред два дена на луѓето од толпата кои насилно влегоа во зградата на Конгресот меѓу другото им рече: „Одете дома, ве сакаме, вие сте многу посебни“, во синоќешната изјава под притисок на јавноста, но и на негови блиски соработници меѓу кои и ќерка му Иванка, Трамп упадот на толпата во Конгресот го нарече одвратен напад.
„Америка е и мора секогаш да биде нација на закон и ред. Демонстрантите кои влегоа во Капитол го оскврнавија седиштетот на американската демократија. На оние кои учествуваа во акти на насилство и уништување – вие не ја претставувате нашата земја, а на оние кои го прекршија законот – ќе одговарате“, порача Трамп.
Но во пораката Трамп во ниту едне момент не презеде вина за она што се случи случи во средата, туку во негов познат стил рече дека сите негови постапки во и по изборната кампања, биле во насока на заштита на американската демократија. Тој дури и рече дека веднаш ја распоредил Националната гарда и федералните полициски сили го обезбедуваат Конгресот, иако Националната гарда беше распоредена со задоцнување од неколку часа и откако за тоа интервенираше потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
И додека се ситни поддршката за Трамп во неговите редови со поднесување на оставки на високи функционери од неговата администрација, осудата која стига од сенатори и конгресмени од републиканските редови, па дури и од потретседателот, Пенс, кој претседаваше со Конгресот во потврдување на победата на Бајден, се погласни се и повиците на демократите Трамп веднаш да биде остранет од функцијата.
Најгласна во тоа е Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на САД, која Трамп го нарече „многу опасен човек“. Пелоси побара од потретседателот Пенс да се повика на амандманот 25 од американскиот Устав кој му дозволува на кабинетот на претседателот да го развласти претседателот како моментално неспособен за извршување на функцијата. Сепак и покрај разидувањата со Трамп, американските медиуми повикувајќи се на официјални лица од Белата куќа, објавија дека Пенс приватно ја отфрла можноста да го активира амандманот 25 и да го отстрани Трамп.
Демократите ја разгледуваат и можноста на сега веќе 12 дена пред истекот на мандатот на Трамп да му поднесат импичмент, за што роковите се многу кратки, но доколку биде успешен ќе значи забрана тој повторно да се кандидира за претседател. Тие ја разгледуваат можноста за итно поднесување на импичмент во рок од два дена за што ќе се дискутира денеска. За тоа ќе им биде потребна поддршка и од републиканските колеги во сенатот, со оглед дека за импичмент е потребно 2/3 мнозинство, што и не би било неможно поради големото незадовослтво во редовите на републиканците од Трамп по упадот во Конгресот.
И додека демократите се брзаат да го спречат во понатамошна политичка активност, Трамп нема таква намера и на своите приврзаници пак јасно им порача:
„Знам дека сте разочарани, но сакам да знаете дека нашето неверојатно патување само што започна“, порача Трамп.
Тамара Грнчароска