Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи на уредно предавање на власта, ден откако неговите поддржувачи насилно влегоа во Капитол и предизвикаа осуда од целиот свет. По 12-часовно „замрзнување“ на неговиот профил на Твитер, од самата социјална мрежа, профилот на Трамп на кратко беше вратен за да го објави кусото видео во кое директоно ги осудува сторителите на насилството и ја смируваше ситуацијата.
Сега откако Конгресот ги сертифицираше резултатите, новата администрација ќе биде инаугурирана на 20-ти јануари. Мојот фокус сега е да обезбедам мирна, уредна и непречена транзиција на власта. Овој момент повикува на заздравување и помирување, рече Трамп.
Демонстрантите кои се инфилтрираа во Капитолпт го извалкаа седиштето на американската демократија. Луѓето кои упаднаа во Капитолот на САД не ги претставуваат САД, прекршителите на законот ќе платат за тоа, изјави Трамп.
Во своето обраќање ниту еднаш не ги повтори обвинувањата за изборна измама.
На почетокот на обраќањето тој истакна дека веднаш ја распоредил Националната гарда „за да ja обезбеди зградата и ги избрка натрапниците“.
Обраќањето на Трамп следува веднаш откако првите Демократи го повикаа да се повлече од Белата Куќа. Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, од Демократската партија го повика потпретседателот Мајк Пенс да го активира 25-от амандман и го отстрани Трамп од функцијата.
Овој амандман налага претседателските овластувања да се пренсат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа.
Кратката видео порака е првото официјално признавање на Доналд Трамп на изборниот пораз, по повеќенделното лажно инсистирање дека всушност победил на изборите.
Во меѓувреме, полицијата соопшти за петта жрва во насилните протести. Неколку часа по протестите, полицаец кој се здобил со тешки повреди во нередите починал. Претходно починаа четири лица.