Вести Македонија Најважни

Бајден: Демонстрациите на Капитол се еден од најцрните денови во историјата на САД

Трамп почна „целосен напад“ врз демократските институции во државата, нагласи денеска новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Тој ги нарече демонстрациите пред Капитол еден од „најцрните денови“ во историјата на САД.

– Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти. Тие беа насилна толпа. Востаници. Домашни терористи. Тоа е во основата. Толку едноставно, нагласи Бајден.

President-elect Biden on the people who stormed the U.S. Capitol:

“Don’t dare call them protesters. They were a riotous mob. Insurrectionists. Domestic terrorists. It’s that basic. It’s that simple.”

pic.twitter.com/8i29FapMqY

И сакам да кажам дека не го предвидовме ова. Но, не е вистина. Знаевме дека ќе се случи, рече новоизбраниот претседател.

Изминативе 4 години имавме претседател кој целиот свој напор јасно го насочи кон нашата демократија, Устав, и законодавство. Од самиот старт сеопфатно ги навредуваше сите наши институции на демократијата

Во својот говор Бајден рече дека полицијата не била доволно агресивна кон демонстрантите кои влегоа во Капитол Хил, затоа што биле од белата раса.

„Никој не може да ме убеди дека ако беа демонстранти од „Црните животи се важни“ дека нема да беа многу поинаку третирани“, рече Бајден.

Додаде дека неговата внука вчера му испратила фотографија од демонстрантите кои се бореа за расната правда ова лето, и предизвикаа агресивна реакција од властите во Вашингтон Д.Ц.

Фотографијата, вели Бајден, покажува како полицијата стои на скалите пред споменикот на Линколн во Вашингтон и силно се спротиставува на оние кои протестираа против полициската бруталност и расизмот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе