Најмалку една жена е застрелана откако повеќе стотици симпатизери и приврзаници на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп кој изгуби на ноемвриските избори, упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон.
Градоначалничката на Вашингтон прогласи полициски час од 6 часот вечерва до 6 часот наутро во обид да се стави под контрола ситуацијата во американската престолнина.
Сенаторите и конгресмените од двата дома на законодавното тело во САД требаше да ја официјализираат победата на новиот претседател Џо Бајден, но насобраните демонстранти подржани на Трамп и неговите блиски соработници протестираа пред Капитол.
Scuffles & violence inside the US Capitol pic.twitter.com/47UCAux3gP
— Firas Maksad (@FirasMaksad) January 6, 2021
Во еден момент, голема група од приврзаниците на Трамп успеа да ги пробие блокадите од полициските сили кои го обезбедуваа Претставничкиот дом и да се пробијат преку 4 реда блокади.
Стотици од нив потоа влегоа и во Конгресот, по што беше прекината и работата на конгресмените кои имаат за задача да ги официјализираат изборните резултати, кои Трамп не ги признава и обвинува за масовна изборна измама.
На ноемвриските избори, Бајден победи со 306 електорски гласа и со над 7 милиони гласови повеќе од досегашниот претседател.