Ковид19 Свет

ЕК набрзо ќе ја одобри вакцината против Ковид-19 на Модерна

Европска комисија најави дека наскоро ќе ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 на американската компанија Модерна.

Со одобрувањето на Европската агенција за лекови (ЕМА) за вакцината на Модерна, поблиску сме до нашата цел да имаме сигурни и ефикасни ковид-19 вакцини. Наскоро ќе уследи одобрување од ЕК, напиша на европската комесарка за здравство Стела Киријакидис.

ЕМА денеска одобри употреба  на вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна за лица постари од 18 години.

Истражувањето спроведено на околу 28.000 луѓе на возраст од 18 до 94 години, кои немале знаци на претходна инфекција, покажува дека вакцината на Модерна е ефикасна 94,1 отсто. Додека нејзината ефикасност кај учесниците со ризик од сериозно заболување од Ковид-19, вклучително и лицата со хронични болести на белите дробови, срцеви болести, дебелина, болести на црниот дроб, дијабетис или ХИВ инфекција, е 90,9 отсто.

Висока ефикасност има и помеѓу половите, расните и етничките групи.

Вакцината на Модерна се дава во две дози во период од 28 дена.

Вакцината на Модерна е безбедна и ефикасна, објави денеска ЕМА на Твитер.

Во ЕУ досега е одобрен вакцината на Фајзер и БиоНтек, а имунизацијата на населениет почна на крајот на декември 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе