Македонија Топ вести

МНР се откажа од двојни државјанства за амбасадорите

Министерството за надворешни работи се откажа од можноста идните македонски амбасадори да имаат двојни државјанства. Една година откако тоа беше предвидено во измените на законот кои ги промовираше тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров, во новиот документ за кој денеска неговиот наследник во МНР, Бујар Османи, отвори јавна расправа, двојните државјанства ги нема.

„Во однос на шефоците на ДКП-ата го зацврстуваме решението дека само државјани на РС Македонија можат да избрани за шефови на ДКП односно за амбасадори, но тоа што е исклучително важно е дека поставуваме минимален лимит од 75% од амбасадорите да бидат од МНР, односно професионални дипломати“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Новиот предлог од МНР иако го зголемува процентот на кариерни дипломати за амбасадори наспроти политичките, од досегашните една третина на три четвртини, споредено со претходно предложените измени тој процент е намален, со оглед дека МНР минатата година бараше најмалку 80 проценти од амбасадорите да бидат кариерни дипломати.

Предлог-измените не ја исклучуваат собраниската Комисија за надворешна политика од процедурата за назначување на амбасадорите, но Османи рече дека ќе се бара решение како тоа да не ги кочи нивното испраќање во мисиите.

„Ние сметаме дека е здраво доколку собранието продолжи да ја игра таа улога независно од сегашните предизвици и потешкотии што ги имаме со комисијата за надворешна политика, за која јас очекувам дека во наредните денови мора да најдеме решение, бидејќи премногу се одолговлекува прашањето за неиспраќање на амбасадорите. Тоа не е сериозно кон нашата држава, кон земјите кои веќе дале агреман повеќе од година дена, а ние не можеме да ги испратиме заради тоа што не може да се усогласиме овде“, рече Османи.

Во контескт на упразнетите дипломатско-конзуларни претставништва Османи најави дека деновиве ќе има консултации со претседателот на државата околу попонувањеето на последните седум амбасади во Вашингтон, Софија, Анкара, Каиро, Бразилија, Отава и Тел Авив и генералниот козулат во Торонто кои се уште немаат шефови на мисии. Дополнително на постојните амбасади МНР покренува иницијатива за отворање и на мабсада во Словачка.

Новиот предлог-закон, како што информираше Османи ги намалува дискреционите права на министерот, како на пример правото кое го имаше досега директно да ги назначува директорите во Министерството. Измените предвидуваат и одделување на дипломатитет од административните работници во Министерството со специјален закон, со кој прецизно ќе биде утврдено начинит на прием во службата и напредување.

Новиот закон предивува и воведување на економски дипломати, за кои Османи е убеден дека ќе ја унапредат економската соработка и надворшената трговија на земјава.

Инаку предлог-законот кој беше презентиран од МНР пред една година беше повлечен на разгледување и доработка по смената на челното место во Министерството пред четири месеци.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе