Македонија Топ вести

Хидрантите во Глобал немале вода за време на пожарот

Хидрантите во трговскиот центар Глобал немале вода ноќта за време на пожарот.

Ова го потврдија од дирекцијата за заштита и спасување, но и самите пожарникари кои учествуваа во гасењето.

Од дирекцијата велат дека при последната контрола хидрантите биле функционални, но во меѓувреме некој ја исклучил водата од главната шахта што е надвор од објектот и ова ќе биде предмет на истрага.

Премиерот Заев вели дека голем дел од хидрантите не биле достапни поради пожарот.

Денеска претпладне почна увидот во тц Глобал.

На местото излезе јавен обвинител со екипи крим техника МВР, а повикани се и вешти лица за пожари, експлозиви и за електирка со цел утврдување на причините за пожарот. Присутни беа и сопствениците на опожарените дуќани.

Истражните органи ги одзедоа снимките од надзорните камери во трговскиот центар а се бараат и други материјални докази.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе