Македонија Топ вести

Државниот врв на координација додека се чека одговорот од Софија на нон пејперот

Државниот врв на координација. По неуспехот и бугарското вето односно ќе се договара и ќе се исцртува пристапот и следните чекори во решaвањето на спорните прашња со Бугарија од каде пак сеуште се чека на одговор на доставениот нон пејпер од специјалникот пратеник Владо Бучковски.

Османи е оптимист кога станува збор за деблокирање на процесот и старт на преговорите под палката на португалското претседателство.

Османи најави и дека Македонија деновиве ќе испрати дипломат во Лисабон кој ќе биде во блиска комуникација со португалските власти.

Кога станува збор за билатералните односи со Бугарија, шефот на дипломатијата смета дека иако одговор на нон пејпаерот од официјална Софија нема, комуникацијата мора да продолжи исто како и предлозите во насока на надминување на несогласувањата а во план се и средби со неговата колешка Захариева.

Кои се предлозите засега нема да бидат откриени во јавноста бидејќи сеуште се еднострани и нема фидбек од Бугарија.

Шефот на дипломатијата денеска престави уште една иницијатива „Преспа Форум за дијалог“ која треба да ги заштити, и промовира и  канализира придобивките од трите договори, Рамковниот, Преспанскиот и Договорот за пријателство.

Идејата, според Османи е и да се зајакне авторитетот на договорите а во рамките на иницијативата ќе се одржат неколку помали настани како и меѓународна конференција која би се одржала во Охрид кон средината на јуни што кореспондира со годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе