Свет Топ вести

Аудио бомба во САД: Трамп бара да му “најдат” доволно гласови за да победи во Џорџија

Aудио бомба ги тресе соединетите американски држави. Повеќе од 2 месеци откако убедливо загуби на претседателските избори, Доналд Трамп, се уште се обидува да го промени резултатот и да најде начин како да ја задржи Белата Куќа.

Во аудио снимката објавена прво од весникот Вашингтон Пост, па пренесена од СИ-ЕН-ЕН и останатите американски медиуми, Трамп го притиска државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, како знае и умее, да му пронајде доволно гласови за да ја добие победата во оваа држава, традиционално бастион на републиканската партија.

“Значи вака, ова сакам да го направам. Најдете ми 11 780 гласови, за еден повеќе од потребното, затоа што ние победивме во државата и промената на резултатот е голема работа за нашата земја, затоа што знаете, ова е еден голем доказ дека тие може да признаат грешка или како и да го наречат. Дали било грешка не знам” – вели Трамп.

Злоупотреба на функцијата и обид за незаконско влијание врз резултатот од изборите. Вака американските експерти ги толкуваат ставовите на Трамп. Во снимката од разговорот , која трае еден час, Трамп постојано бара од Рафенспергер, кој исто така е Републиканец, да се согласи со неговите тврдења дека илјадници гласови биле незаконски преброени , дека некои ливчиња биле уништени или пак се гласови на мртви луѓе или гласачи надвор од границите на Џорџија.

Рафенспергер останува непоколеблив и му кажува на Трамп дека има погрешни информации за гласањето во Џорџија и да не им верува многу на социјалните медиуми.

“Г-дине Претседател, проблемот кој го имате со социјалните медиуми, тие – луѓето може да кажат што сакаат” – вели Рафенспергер.

“Не, не. Ова не е од социјалните медиуми. Ова се Трамп медиумите. Тоа не се социјалните медиуми. Навистина не е. Не се социјалните медиуми. Ми е гајле за социјалните медиуми. Не се грижам за социјалните. Ич не ми е гајле. Социјалните медиуми се Биг Тек. Биг Тек е на наша страна. Знаете, јас не ни знам зашто имате ваква страна, затоа што треба да сакате да имате точни избори. И вие сте Републиканец” –оценува Трамп.

“Веруваме дека имавме прецизни избори” – вели Рафенспергер.

Не, не се согласувам. Не е точно. Немавте такви избори. Ниту блиску до тоа” – негира Трамп.

Тоа што зачудува околу инсистирањето на Трамп да му најдат гласови во Џорџија, е фактот дека дури и да ги освоеше гласовите за изборниот колеџ од ова држава од американскиот југ, тој повторно ќе изгубеше на изборите.

Скандалозната аудио бомба доаѓа пред клучното гласање во Џорџија за последните две места во Сенатот, кои ќе одлучат која партија ќе го контролира горниот дом од Конгресот.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе