Одобренијата за набавка на лекот Ивермектин се издадени. Агенцијата за лекови МАЛМЕД на предпоследниот и последниот ден од старата година ги потврдила бсите арања од неколку болници и веледрогерии кои стигнале до неа. Директорот на агенцијата Лирим Шабани вели дека ова е добра вест бидејќи се работи за евтин лек па не се знаеше дали ке има заинтересираност за увоз.
Ивермектин е лек кој не се произведува во земјава а тука не беше ниту регистриран. Комисијата за заразни болести даде одобрение за овој лек. Сега дел од болниците каде се лекуваат заразени од корона вирус веќе најавиле дека ке го стават во протоколите за лекување но само кај одредени пациенти каде доктори ке проценат дали треба да се даде. Апелираат никој на своја рака да не зема лекарства па ни ивермектин. На социјалните мрежи пак веке на големо се бара, а дел од луѓето пишуваат дека го има во некои аптеки. Оние кои го набавиле прашуваат кој може да им каже кога и во колкава доза треба да се прими.
Да прашам за стручно мислење дали да се дава овој лек на болен кој е на 7 ден од појава на првите симптоми. Моментално е на кислородна подршка. Не можеме да стапиме во контакт со тамошните лекари а е сместен на кожно.
За сега не се знае од каде точно во земјава ке се увезува ивермектин. Агенцијата Малмед беше одговорна само да го одоби а се претпоставува дека увозот би можел да биде од соседните грција и бугарија или пак од турција. Како лек во рана фаза против ширење на вирусот во организмот го посочила австралиска студија во која се вели дека овој антипаразитски лек може да делува и антивирусно.
Билјана Николовска